Женскиот прволигаш „Баскет Кам“ го одигра првиот натпревар на домашен терен по реновирањето на спортската сала во Макеоднска Каменица и забележа победа со 88:70 против екипата на ЖКК „Крива Паланка“. Во текот на целиот натпревар, кошаркарките на Баскет Кам имаа благо водство и контрола на играта, а засилувањата во редовите на Крива Паланка придонесоа за интересна и до крај неизвесна завршница на натпреварот.
-Тимска игра беше пресудна за извојуваната победа на овој натпревар, за која морам да напоменам дека беше тешко извојувана. Ова беше коректен натпревар, тежок за игра и неизвесен до самиот крај. Навистина едно прекрасно надигрување со противникот, кој со новите засилувања е сигурен конкурент за висок пласман во првенството, изјави тренерот на Баскет Кам, Јордан Цветановски.
Најефикасни на теренот од редовите на ЖКК Баскет Кам беа Ивана Кметовска со 20 поени и Катерина П Димитровска која постигна 19 коша.
Досегашните натпревари Баксет Кам ги играше во Скопје, што претставуваше дополителен хендикеп за каменичката екипа, која е единствена прволигашка екипа во Македонија без пораз.
Во следното коло во новата спортска сала гостува скопски Вардар кој во Македонска Каменица ќе ги одмери силите со веќе новиот лидер на табелата, Баскет Кам.