Кошаркарската репрезентација на Србија ја освои титулата европски првак откако синоќа во финалето на 35.то Европското првенство за жени во Будимпешта ја совлада Франција со 76:68 (15:22; 18:10; 20:17 и 23:19).
Ова за Србија е прва титула европски првак во женска кошарка, додека Франција исто како и на претходното првенство поразена е во финалето.
Со исклучок на првиот период што го доби Франција, во другите три Србија беше поуспешна.
Ана Дабовиќ од Србија во финалето постигна 25 поени, а беше прогласена и за МВП на шампионатот (најкорисна кошаркарка). Покрај неа во најдобрата петорка се најдоа уште: Соња Петровиќ (Србија), Алба Торенс (Шпанија), Сандра Груда и Селин Думер (Франција).
Во натпреварот за третото место досегашниот шампион Шпанија ја победи Белорусија со 74:58.