Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го одигра првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за квалификациите за Европското првенство 2015 година. Во Јесенице, синоќа Македонија загуби од Португалија со 52:47 (26:23). Дуелот беше од затворен карактер, со што двајцата селектори имаа можност да испробаат тактички варјанти.
Овие две селекции вечерва од 19 часот во Жеровница ќе одиграат уште еден контролен натпревар.
Женската репрезентација на Македонија се наоѓа на подготовки во Словенија, а по вечерашниот дуел избраничките на селекторот Горан Јовановиќ се враќаат во Македонија и во Кавадарци ќе ги продолжат подготовките и ќе одиграат нови натпревари.
Македонија се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Литванија, Велика Британија и на Белгија. Нашата репрезентација натпреварите од квалификациите на домашен терен ќе ги игра во Кавадарци.