Кошаркарките на „Бадел“ остануваат непоразени во лигата

Од:

По синоќешниот дерби натпревар помеѓу двете непоразени екипи од првата женска кошаркарска лига ЖКК „Бадел 1862“ и „Вардар“, клубот од Кисела Вода на гостински терен во СРЦ „Кале“ извојува голема победа, со резултат 71-84 (20:21,19:15, 14:27 и 18:21).

-И покрај тоа што полувремето заврши со водство на домашната екипа со 3 поени разлика, нашите кошаркарки во второто полувреме одиграа значително поквалитетно, поагресивно во одбрана и поефикасно во напад, така да за кратко време го преземаа водството и не го испуштија до крајот на натпреварот. Со оваа победа остануваме единствената непоразена екипа во лигата. Со сигурност можам да кажам дека нашиот клуб ќе биде лидер на првиот дел од натпреварувачката сезона – изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862“.

За овој голем успех на „Бадел“ најефикасни на теренот беа Александра Стојановска, со постигнати 26 поени и 16 годишната репрезентативка Наталија Секуловска со 17 поени. Заслужни за победата се и Сања Адамовска 15, Цветанка Димова 15, Сандра Лазареска 8, Сара Петровска 3, Катерина Поп Димитрова, Сара Максимовска, Наталија Гаревска и Ева Анастасова.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска