Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го загуби и вториот контролен натпревар со Португалија одигран синоќа во Словенија.
Противникот беше поуспешен со 61:57, а на првиот дуел беше 47:52. Најефикасна во нашиот состав беше Криси Гивенс со 20 поени, додека Анжелика Митрашиновиќ постигна 13, а Ивана Кметовска и Александра Стојановска по 10.
Проблем во играта и на вториот натпревар беа личните грешки на нашата селекција, како и слабиот процент на реализирани слободни фрлања (13 погоедни/24 обиди).
Македонската репрезентација до петок е во Словенија каде се одржуваат подготовките, а потоа продолжува во Кавадарци. И на домашен терен ќе бидат одиграни уште неколку натпревари како и во Самоков, каде Македонија ќе одигра пријателски дуели со Бугарија.
Македонската селекција се подготвува за квалификациите за Европското првенство 2015 година кои ќе стартуваат на 8 јуни.