Кошаркарите од Специјалната Олимпијада со настап на полувремето на натпреварот Македонија – Швајцарија

Од:

Кошаркарскиот тим од Специјалната Олимпијада ќе има свои минути на натпреварот Македонија – Швајцарија закажан за 26 ноември во Скопје.

Атлетите на полувремето ќе одигра краток натпревар во насока на одбележување на Европската кошаркарска недела во Специјалната Олимпијада.

Мечот со Швајцарија ќе се одигра во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 45 минути, а влезот ќе биде бесплатен за сите кои ќе сакаат да ги бодрат сениорите како и кошаркарите од Специјалната Олимпијада.

На 25 ноември 2017 година (сабота) со почеток од 9 часот до 15 часот во салата на КК Вардар (мала сала „Кале“) ќе се одржи кошаркарски турнир со кој ќе се одбележи Европската кошаркарска недела на Специјалната Олимпијада. Турнирот ќе опфати натпреварувања во традиционална кошарка, ‘unified’ кошарка и 3х3 баскет.

Четиринаесеттата европска недела на кошарка во СО ќе се одржи во 35 земји обединувајќи повеќе од 19.000 спортисти, лица со интелектуална попреченост кои се членови на Специјалната Олимпијада.

Би можело да ве интересира

Специјалната олимпијада го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Бронза и за кошаркарите на Специјалната олимпијада во Абу Даби

Ана Ололовска

Две сребра за Макеоднија од Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија2017

Ана Ололовска

Средба на директорот на АМС со членовите на Специјалната олимпијада

Ана Ололовска