Со натпреварот меѓу домашната Унгарија и Франција на кој победа забележаа Унгарците со 12:7 синоќа беше заокружен вториот круг од Европското првенство во ватерполо. Првиот и последниот период завршија нерешено 2:2, односно 3:3, втората четвртина Унгарија ја доби со 2:1, а најголема разлика беше остварена во третиот период – 5:1.
Резултати на натпреварите од 2.коло:
А-група: Грузија – Грција 6:15, Русија 0- Црна Гора 7:15 и Романија – Италија 4:9.
Б-група: Германија – Србија 7:12, Хрватска – Шпанија 8:8 и Унгарија – Франција 12:7.
Табела А група: Црна Гора 6 бодови, Италија 6, Грција 3, Романија 3, Грузија 0, Русија 0.
Табела Б група: Србија 6 бодови, Унгарија 6, Хрватска 4, Шпанија 1, Германија 0, Франција 0.
Денеска е слободен ден на шампионатот кај мажите, а стартуваат натпреварите на женскиот дел. Во првото коло двојките се:
А-група: Велика Британија – Грција, Холандија – Унгарија.
Б-група: Италија – Франција и Русија – Шпанија.