Комплетирани двојките за осминафиналето на ЕП во ватерполо

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од последното 3. коло во групуте Ц и Д, позната е втората половина од осминафиналните парови на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград.

На дуелите одиграни синоќа, беа постигнати овие резултати: Ц група: Италија – Грузија 21-1 и Романија – Германија 14-13.
Табела: Италија 9, Романија 6, Германија 3 и Грузија 0.

Д група: Унгарија – Турција 20-5 и Русија – Грција 9-8. Табела: Унгарија 7, Русија 6,  Грција 4 и Турција 0

Така во недела во осминафиналето ќе играат: Италија – Турција, Унгарија – Грузија, Романија – Грција и Русија – Германија.

Денеска ќе се одиграат првите четири дуели, а двојките се: Шпанија – Малта, Црна Гора – Франција, Србија – Словачка и  Хрватска – Холандија.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство