Комплетирани четвртфиналните двојки на ЕП во ватерполо

Од:

Со одигрувањето на двата последни натпревари од осминафиналната рунда, комплетирани се двојките за четвртфиналето на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград, Србија.

Селекциите на Русија и Грција се двете последни кои се пласираа меѓу осумте најдобри, откако синоќа беа подобри од своите ривали, Русија против Германија со 9:6, додека Грција беше поуспешна од Романија со 15:9.

Со тоа познати се и сите четири пара за четврфиналната рунда, која ќе стартува денеска со мечот Шпанија – Грција (од 18:45 часот), а потоа и Србија – Русија (од 20:15).

Во истите термини утре ќе се играат средбите, Италија – Црна Гора и Унгарија – Хрватска, по кои пак ќе бидат познати паровите за полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство