Фудбалската репрезентација на Колумбија ќе треба да си бара нов селектор по оставката на досегашниот Хосе Пекерман.
Аргентинскиот стручњак ги предводеше Колумбијците од 2012 година, а на СП 2014 стигна до четвртфиналето.
На Мундијалот во Русија оваа година, Колумбија беше елиминирана во осминафиналето.
Пекерман е еден од најсериозните претенденти за селекторската позиција во Мексико.