Клубски го освои женскиот кошаркарски куп

Од:

Екипата на Клубски од Делчево е победник на кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција со што го постигна најголемиот успех во својата историја.

Во финалето на турнирот чиј домаќин беше токму Клубски, беше совладан Кросиг со резултат 69:59.

Лидија Милкова и Елеонора Георгиева Атанасова со по 20 постигнати поени беа најзаслужните за победата на домаќинките, додека најефикасна кај Кросиг, а воедно и на натпреварот беше Елена Раденковиќ со 27 поени.

Во предигра на сениорското се одржа младинското финале во кое Кросиг со 75:40 го победи Бадел.

Софија Лазареска со 19 поени беше најдобра во победничката екипа, додека Емилија Лазарова со 13 поени се истакна во поразениот тим.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска