Кинезите за девет месеци купиле 3.000 лимузини на „Тесла Моторс“

Од:

Американскиот производител на луксузни електрични автомобили од почетокот на 2015 година на кинескиот пазар продал 3.025 возила, соопшти компанијата.

И покрај ваквиот резултат, компанијата „Тесла Моторс на овој битен пазар“, сепак, имала проблеми затоа што дошло до трупање на залихите од непродадени возила и отпуштање работници.

Основачот на компанијата, Илон Маск, претходно годинава изјави дека Кина е единственото место на планетата каде неговата компанија има прекумерни залихи, заради што ја намалил планираната цел на глобална продажба во 2015 година меѓу 50.000 и 55.000 возила, не претставувајќи ги специфичните цели за пазарот во Кина.

Кинеските медиуми во март информираа дека „Тесла Моторс“ во текот на 2014 госина во оваа земја продаде речиси 2.500 автомобили.

Би можело да ве интересира

Вуков го оствари најдобриот пласман во тековната сезона