Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, смета дека успехот во неговата тренерска работа се должи на искуството стекнато додека играше за Чикаго булс.
– Да не бев дел од „Биковите“ ништо од она што се случи во мојата кариера не би се случило. Јас не би станал тренер на Голден Стејт, ако не го стекнав ова искуство со Чикаго. Секојпат кога ќе ги видам Џордан, Пипен и Џексон, мислам дека стекнатото искуство тогаш ми го отвори патот за мојата понатамошна кариера – играч, коментатор и тренер. Јас сфаќам колку имав среќа што станав дел од таа генерација. Имавме одличен тим, искусен и зрел и сите знаевме колку бевме среќни. И го извадивме максимумот, истакна Кер.
Тој има освоено осум титули како играч и тренер. Три од нив беа освоени како дел од легендарните 90-ти години на Чикаго.