Кавендиш ја оствари 26-та победа на „Тур Д‘ Франс“

Од:

Седмата етапа од велосипедската трка „Тур Д‘ Франс“ мина во знак на британските велосипедисти Марк Кавендиш победи на етапата, а „жолтата маица“ ја облече Кристофер Фрум.

Денешната етапа во должина од 190,5 километри се возеше од Ливаро до Фужере, а во фото финишот најбрз беше Кавендиш, додека место на победничкиот подиум имаше и за Андре Грајпел и Петер Саган.

Времето на победникот беше 4 часа 27 минути и 25 секунди. За Кавендиш ова беше 26. та етапна победа на „Тур Д‘ Франс“.

Првото место (жолтата маица) во генералниот пласман го презеде Фром откако лидерот до оваа етапа Тони Мартин поради незгодата во четвртокот мораше да се откаже од трката. Фром има вкупно време од 26 часа 40 минути и 51 секунда. Саган е втор со заостанување од 11 секунди, а трет е Тејај Ван Гардерен со 13 секунди заостанување.
Утре се вози осмата етапа од Рен до Мур де Бретањ во должина од 181 километар.

Би можело да ве интересира

Крис Фрум го истрча последниот километар на денешната етапа

Емир Латифовиќ

Рафал Мајка победник на 11.етапа на „Тур Д‘ Франс“

Емир Латифовиќ

Фрум ја разби конкуренцијата на 10-та етапа

Емир Латифовиќ

Виљермо победник на осмата етапа на „Тур Д‘Франс“

Емир Латифовиќ

Холандската полиција ќе го блокира „Тур д’Франс“

Емир Латифовиќ