Кастратовиќ: Против Ларвик многу ни е потребна поддршка од навивачите

Од:

ЖРК Вардар в сабота на домашен терен ќе го одигра првиот четврфинален меч од Лигата на шампионите против Ларвик. Тренерот Индира Кастратовиќ упати апел до навивачите да им помогнат на нејзините избранички во обидот да се стигне до што е можно подобар резултат пред реваншот во Норвешка.

– Публиката на овој меч ќе биде клуч за нашиот успех и за добар резултат, нормално заедно со играчите и со стручен штаб. Сите посакуваме да ја завршиме сезоната со радост. Добро го знаеме Ларвик, го следиме, а и игравме со нив. Тие се екипа која не ги интересира каде играат, а може да кажам дека се дури и подобри на гостински терен. Мораме максимално да се подготвиме на сите ситуации. Држат високо темпо во сите 60 минути, но сме играле со такви екипи и знаеме дека мора да дадеме се од себе, истакна Кастратовиќ на денешната прес-конференција.

Имаме играчи и квалитет да одговориме на идентичен начин. Ларвик вчера победи, а најнова информација е дека Ања нема да биде дел од противничкиот тим на задутрешниот меч, додаде Кастратовиќ

Тренерот на „црвено-црните“ верува дека добрата одбрана ќе биде исклучително важна и дека нашата агресивност ќе го натера противникот да игра побрзо, а со тоа и повеќе да греши.

– Се подготвуваме за Нора Морк, имаме посебна тактика за неа. Гледаме, анализираме, но ништо нема да откриваме. Во денешно време дека многу не значи дали играш дома или на гости, едноставно треба да си подготвен и да одиграш добро во сите 120 минути .Тој што ќе има повеќе замени ќе биде предност, а мислам дека сме тоа ние. Ларвик има страшно брз контра-напад, но немаат трпение. Нашата одбрана, тоа што го покажуваме четири-пет меча, може да ни донесе добар резултат. Скандинавците не сакаат груба игра и ако играме по агресивно тие ќе одговорат со побрза игра и со повеќе грешки, потенцира Кастратовиќ.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска