Јовановиќ: Горд сум на моите кошаркарки

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со една победа и два пораза ги заврши претквалификациите за Европското првенство 2015 и го освои 3.место во групата Д што се играше во Рамла (Израел), постигнување од кое е задоволен селекторот Горан Јовановиќ.

Тој за постигнатиот учинок за официјалната интернет страница на ФИБА Европа, по третиот натпревар и поразот од Германија по продолжение (87:83) изјави дека се гордее што е тренер на оваа селекција.

– Многу сум горд на моите кошаркарки. Покажавме дека можеме да играме и против многу поквалитетни тимови од нас. Ние сме доста млада екипа и сигурен сум дека ќе напредуваме во иднина, истакна македонскиот селектор.

На првите две средби на овој турнир, Македонија ја совлада Португалија со 60:56, а загуби од домаќинот Израел 72:56.

И пред одигрувањето на турнирот се знаеше дека голем хендикеп за нашата репрезентација ќе биде малиот фонд на кошаркарки, најголемиот дел од натпреварите ги играа само шест кошаркарки.

Поради повреди овојпат отсуствуваа три, а ист толкав број поради школски обврски (матура) не беа на располагање на репрезентацијата.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска