Во опширно интервју за „Си-Ен-Ен“, Ламине Јамал зборуваше за претходната година, успесите, училишните обврски…
Тој истакна дека Нејмар е неговиот идол, а не Меси, како што многумина претпоставуваа.
„Имав пет години кога го видов Нејмар како игра во Сантос. Потоа две години подоцна го сретнав на Камп Ноу. Беше неверојатно чувство. Така е, Меси тогаш беше во Барселона, тој е фантастичен играч, но Нејмар е нешто друго. Тој отсекогаш бил и ќе биде мојот идол. Нејмар е фудбалска легенда“ – изјави Јамал.
Младиот фудбалер минатата година стана шампион на Европа со Шпанија.
„Сè се случи многу брзо. Не е нормално за тинејџер, но убаво е. Се чувствувам одлично што постигнувам успех. Сето тоа го оставам во минатото и гледам во иднината. Сепак, се обидувам да уживам во моментот“ вели младиот фудбалер.
Остануваат уште училишните обврски.
„Морам да одам на час секој ден и да ја работам домашната задача. И навистина ги извршувам училишните обврски секој ден. Сепак, тие се со разбирање и ако има некоја важна игра, ме поштедуваат. Но, ако препознаат дека е полесно период во однос на клупските обврски, веднаш ми даваат и дополнителна домашна работа“, низ насмевка изјави Јамал.