Јамал или Дембеле – кој ќе „жонглира“ со „Златната топка“?

Од:

Церемонијата за доделување на „Златната топка“ во изборот на Франс Фудбал, кога по 69-ти пат ќе дознаеме кој е најдобар во една календарска година е планирана за вечерва.

Како што е познато, од оваа година уредниците на Франс Фудбал одлучија дека победникот нема да биде познат до самото објавување, со цел да се избегнат непријатности како минатогодишниот скандал кога целата експедиција на Реал Мадрид одби да присуствува на церемонијата.

Франс Фудбал имаше 30 кандидати во потесниот список, а во топ 10 се: Ламинe Jамал, Рафиња, Усман Дембеле, Витиња, Нуно Мендеш, Ашраф Хакими, Килијан Мбапе, Џанлуиџи Донарума, Кол Палмер и Мо Салах!

Од 11 до 30 место се:

11. Педри, Барселона
12. Квича Кварацкелија, ПСЖ
13. Хари Кејн, Баерн Минхен
14. Дезире Дуе, ПСЖ
15. Виктор Ѓокереш, Арсенал
16. Винисиус Јуниор, Реал Мадрид
17. Роберт Левандовски, Барселона
18. Скот Мектоминај, Наполи
19. Жоао Невес, ПСЖ
20. Лаутаро Мартинез, Интер
21. Серју Гираси, Борусија Дортмунд
22. Алексис Мекалистер, Ливерпул
23. Џуд Белингем, Реал Мадрид
24. Фабијан Руиз, ПСЖ
25. Дензел Дамфрис, Интер
26. Ерлинг Халанд, Манчестер Сити
27. Деклан Рајс, Арсенал
28. Вирџил ван Дајк, Ливерпул
29. Флоријан Вирц, Ливерпул
30. Мајкл Олисе, Баерн Минхен

Добитникот на „Златната топка“ за 2025 година ќе биде објавен вечерва некаде пред 23 часот.

Би можело да ве интересира

Дали Јамал е главен фаворит за Златната топка, има еден пред него

Предраг Петровиќ