Европското првенство во ватерполо ќе се игра од 14 до 28 јули во Барселона, Шпанија, а денеска со жрепка беа формирани четирите групи.
Бранителот на трофејот Србија ќе игра во Д-групата заедно со Романија, Русија и Словачка.
А-групата ќе ја сочинуваат Германија, Грузија, Италија и Унгарија.
Во Б-групата ќе играат Црна Гора, Малта, Франција и Шпанија.
Четирите ривали од Ц-групата се: Хрватска, Турција, Холандија и Грција.