Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва доживеа пораз од домаќинот Израел со 72:56.
Ова беше натпревар од 2. коло од претквалификациите за ЕП 2015 година.
Со овој триумф Израел го освои првото место во групата без разлика на исходот од утрешниот дуел со Португалија и ќе ги продолжи борбите за пласман на ЕП.
По вчерашниот слаб учинок Американката со македонски пасош Криси Гивенс вечерва имаше „дабл-дабл“ – 25 поени и 11 скокови. Димовска постигна 11 поени. Кај Израел најдобра на теренот беше Флешер која имаше по 17 поени и скокови за 21 минута.
Македонија утре за противник ја има Германија, во дуел за 2. место во групата, откако Германија денеска ја победи Португалија со 66:59.