Селекцијата на Италија е носител на бронзениот медал на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Во дуелот за третото место на шампионатот, ватерполистите на Италија го совладаа актуелниот олимписки првак селекцијата на Црна Гора со 11:9.
До дуелот за шампионскиот трофеј, односно златниот медал ќе играат домаќинот Унгарија и актуелниот европски шампион Србија.
Финалниот натпревар ќе започне од 20 часот и 30 минути.