На Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград познати се шест репрезентации кои обезбедија пласман во четвртфиналето.
Откако вчера тоа го сторија Србија, Хрватска, Шпанија и Црна Гора, денеска за место меѓу осумте најдобри се изборија и селекциите на Италија и Унгарија.
Попладнево во натпреварите од осминафиналето Италија ја победи Турција со 16:2, додека Унгарија беше подобра од Грузија со 14:3.
Така веќе се комплетирани и првите дава пара за четвртфиналната рунда. Во вторник Италија за противник ќе ја има Црна Гора, а Унгарија ќе игра против Хрватска.
Кои ќе бидат противници на Србија и Шпанија утре во четвртфиналето ќе дознаеме вечерва по дуелите меѓу Романија – Грција и Русија – Германија.