Италија и Србија полуфиналисти на ЕП во ватерполо

Од:

На Европското првенство во ватерполо што се одржува во Будимпешта, репрезентациите на Италија и на Србија обезбедија полуфинале откако вчеравечер беа поуспешни од своите противници во четвртфиналната фаза.

Во неизвесен меч Италија ја победи Хрватска со 8:7 (1:1, 3:2, 2:2 и 2:2). Италијанците во најголемиот дел од средбата водеа, а „коцкестите“ само неколку пати успеаја да изедначат.

Многу поизвесен беше победникот во второто 1/4финале. Србија ја победи Грција со 13:9 (3:2, 4:3, 4:2 и 2:2).

Полуфиналните натпревари се играат утре. Двојките се: Унгарија – Италија и Црна Гора – Србија.

Денеска на шампионатот се дуелите од полуфиналето во женска конкуренција: Унгарија – Шпанија (16:30 часот) и Италија – Холандија (18 часот).

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство