Италија, Данска и Србија – најскапите фудбалски репрезентации кои нема да играат на СП 2026

Од:

Српската фудбалска репрезентација е на третото место на листата на највредни репрезентации кои не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година, според анализата на специјализираниот портал Трансфермаркт.

Според достапните податоци, вкупната пазарна вредност на српската селекција се проценува на 299.000.000 евра, што ја рангира меѓу најскапите репрезентации кои нема да учествуваат на завршниот турнир.

Пред Србија се само Италија и Данска, додека Грција, Украина, Полска, Нигерија, Унгарија, Велс и Камерун се меѓу 10-те највредни селекции. Македонија не е меѓу топ 10те најскапи селекции кои нема да ја доживеат мундијалската магија.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико и за првпат ќе собере 48 репрезентации.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Франција пред Англија – Линекер ги избра фаворитите на Мундијалот 2026

А1он

Босанците против Италија не играат само за историја, во прашање се и сериозни пари

А1он

Младата фудбалска ѕвезда на БиХ: Ќе ја победиме Италија!

А1он

Над 170.000 Холанѓани бараат нивната репрезентација да не игра на Мундијалот 2026 поради политиките на Трамп

А1он

Иран се заканува дека ќе се повлече од Светското првенство

Нигерија не се пласираше на Мундијалот, им правеа вуду магии!?

А1он