Екипата на Баскет Кам е новиот македонски кошаркарски првак во женска конкуренција, откако попладнево славеше на домашен терен над Бадел 1962 со 86:66 и со вкупни 3:1 ја доби финалната серија.
Шампионскиот пехар е прв во историјата на екипата на Баскет КАМ.
Кошаркарките од Македонска Каменица сезоната ја завршија со двојна круна, откако пред еден месец беа подобри од Бадел 1862 и во финалниот меч од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“.