Ова не беше мојот Интер, видовте како изгледаше сè, се соочивме со тим кој беше едноставно подобар од нас, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по поразот од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите (5:0).
„Моравме да играме подобро, но не успеавме. Пристапот кон натпреварот беше лош и затоа му го олеснивме на ПСЖ. Тие беа пред нас во секоја топка. По првиот примен гол, ништо повеќе не беше во наши раце. Примивме голови како никогаш порано. Сите мораше да се справиме подобро, јас пред сè“, нагласи Инзаги, додавајќи дека ќе разговара со управата на клубот за својата иднина во наредните денови, со оглед на тоа што Интер ја заврши сезоната без трофеј и го загуби второто финале на Лигата на шампионите во последните три години.