Имобиле доживеа физички и вербален напад на сред улица во Рим

Од:

Италијанскиот репрезентативец Чиро Имобиле доживеа физички и вербален напад на сред улица во Рим.

Во моментот кога бил нападнат, голгетерот бил во автомобилот со својот четиригодишен син Матија.

Еден човек наеднаш го запрел своето возило и излегол. Почнал да го навредува центарфорот на Лацио кој направил се за да не се случи посериозен инцидент, пренесува „Газета дело спорт“.

Инцидентот се случил во средата, а еден ден подоцна цел на навреди била и неговата сопруга Џесика.

Според медиумите во Италија, луѓето кои го напаѓаат фудбалерот и неговото семејство се навивачите на Лацио кои се убедени дека Имобиле е главниот виновник за заминувањето на тренерот Маурицио Сари, кој поднесе оставка.

Новинарот Зак Лови наведува дека менаџерската агенција на познатиот голгетер смета дека нападот бил поттикнат од медиумите во Италија „со ширење лажни и злонамерни гласини за ситуацијата во Лацио“.

Би можело да ве интересира

Напаѓачот на Лацио во болница – со него беа и неговите ќерки кога се судри со трамвај

Предраг Петровиќ