Забрана за хрватските ракометари на плоштадот во Загреб, пречекани со усташкиот поздрав „За дом спремни“

Од:

Градот Загреб не подлегна на уцените на хрватските ракометари-на плоштадот дека мора да пее Томпсон, кој е забранет од градското собрание поради усташките поздрави на неговите концерти. Хрватските ракометари повторно се спомнуваат повеќе поради политичката заднина отколку поради освоеното трето место. Тие беа опоменати и за време на првенството и им беше забрането да пуштаат песни од репертоарот на Томпсон, откако тоа го направија надвор од договорениот музички репертоар за време на паузите.

Откако стана јасно дека денес нема да има официјален пречек за хрватската ракометна репрезентација во Загреб, неколку стотици навивачи ги пречекаа ракометарите освојувачи на бронзен медал на аеродромот „Фрањо Туѓман“.

Екипата се врати во Загреб од Данска по 3 часот наутро и беше пречекана на загребскиот аеодром од стотици навивачи облечени во знамиња, шалови и разни дресови. Тие ги пееја Чавоглава, Моја татковина, Кошула плава, како и неофицијалната ракометна химна „Ako ne znas šta je bilo“.

На пречекот, некои навивачи носеа знамиња на ХОС со натпис „За татковината спремни“ и маица со прецртаниот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ.

Градоначалникот на Загреб објави дека нема да има церемонија за добредојде на хрватската ракометна репрезентација во Загреб, бидејќи членовите на тимот инсистирале Марко Перковиќ Томпсон да им се придружи на договорените изведувачи, што, како што рече, е спротивно на одлуките на градската администрација и правилата за користење на градскиот простор.

Томашевиќ изјави дека подготовките на Град Загреб за церемонијата за добредојде започнале откако екипата стигнала до полуфиналето на Европското првенство и дека е постигнат договор со Хрватската ракометна федерација за организирање церемонија за добредојде во случај на освојување на кој било медал.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Загреб не попушти за Томпсон, откажан дочекот за ракометарите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради контроверзниот Томпсон се проблематизира пречекот на ракометарите во Загреб

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватските ракометари го победија Исланд и ја освоија европската бронза

Катерина Ѓуровски

Германија ја победи Хрватска 31:28 и се пласираше во финалето на Европското ракометно првенство

А1он

Ракометарите на Германија и Хрватска се во полуфиналето на ЕП

А1он

Хрватска го победи Исланд на патoт кон полуфинале на ракометното ЕП

А1он