Хрватска и Србија во финалето на Светското првенство во ватерполо

Од:

Репрезентациите на Хрватска и на Србија ќе играат во финалето на Светското првенство во ватерполо што се одржува во Казањ. Двете селекции синоќа во полуфиналните дуели остварија победи.

Олимпискиот шампион Хрватска дури по изведувањето пенали ја совлада Грција со 15:13 откако претходно резултатот беше 10:10 во регуларниот дел. Голманот на Хрватска Јосип Павиќ успеа да одбрани еден пенал, додека неговите соиграчи ги реализираа сите пет. Хрватска така по три последователни порази во полуфинале на СП, успеа да се избори за натпреварот за златниот медал.
Во второто полуфинале Србија ја совлада Италија со 10:6, а победата ја обезбеди во првиот дел откако на полувремето водеше со 8:2.
Финалето Хрватска – Србија ќе се игра во сабота, а во дуелот за бронзениот медал ќе играат Грција – Италија.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство