Хрватска гo бронзениот медали на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Барселона, Шпанија.
Хрватите попладнево ја победија Италија со 10:8 и го оставија бранителот на шампионскиот трофеј без одличје на ова првенство.
Победникот беше решен уште по првото полувреме кога Хрватска направи предност од пет голови. Првата четвртина ја доби со 4:2, а втората со 4:1. Третиот период Италија го реши во своја полза со 2:1, а во последната четвртина успеа само да ја намали разликата.
Вечерва на СП е големото финале меѓу Црна Гора и Унгарија. Борбата за златото започнува во 22 часот и 15 минути.