Хрватската радио телевизија не го пренесуваше доделувањето на медалите на Светското првенство во ватерполо, иако хрватската репрезентација освои сребрен медал.
Преносот беше прекинат веднаш по завршувањето на финалето помеѓу Хрватска и Србија, односно пред прогласувањето на Србија за светски првак во ватерполо. Мечот заврши со 11: 4 во корист на Србија.
Со коментар за ваквата одлука на националната телевизија се јави професорот по меѓународни односи и национална сигурност на Факултетот за политички науки во Загреб, и главниот и одговорен уредник на весникот “политичка мисла“, Дејан Јовиќ.
ХРТ-уште еден срам. Подготвени се да ја понижат и хрватската репрезенатација која освои сребро, само да не ги гледаме Србите како победници. ХРТ, секако претпоставува дека никој од нејзините претплатницни не навива за Србија. А уште помалку, дека има и такви кои ги сакаат и двете репрезентации, напиша Јовиќ.
Подоцна во прилог во вестите на ХРТ, беше кажано дека „величествено звучи да се биде сребрен“ на првенството.
– Се разбира, помалку е величествено кога ќе го погледнеме поразот во финалето од 11:4 против Србија, кажа коментаторот Мичо Дуѓановиќ.
Тој натправарот го оквалификува како „чуден“ во кој дел од тајната се крие во фактот дека Хрватите воделе со 2:0, а потоа до крајот постигнале само уште два гола.