Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот клуб не планирал да освои четири трофеи оваа сезона, пренесува Sky Sports.
Фудбалерите на Манчестер Сити минатата сезона ја освоија титулата во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Манчестер Сити синоќа доживеа елиминација во 1/16-финалето на англискиот Лига куп, бидејќи беше поразен од Њукасл со 1:0.
„Мислите дека целта беше четири титули? Искрено, не. Би биле повеќе од задоволни со тројната круна. Нашите очекувања се големи, но не толку големи за да не се задоволиме со три титули“, изјави Гвардиола.
Судијата на натпреварот, Крис Кавано, на Гвардиола му покажа жолт картон на крајот од играта.
-Не знам колку прекршоци направија, колку ние имавме и колку жолти картони беа доделени. Емоциите се присутни во текот на играта. Ги почитувам судиите и нивната работа. Заслужив жолт картон, додаде менаџерот на Манчестер Сити.
Ерлинг Халанд, Кајл Вокер, Рубен Диас не настапија за „граѓаните“ на натпреварот против Њукасл.
-Мислам дека Кајл и Ерлинг веќе одиграа многу минути, а имаме уште многу натпревари пред нас. Ми падна на памет да го претставам Халанд во последните 10 или 15 минути, но решив да не го направам тоа, заклучи Гвардиола.
Манчестер Сити ќе му гостува на Вулверхемптон во следното коло од Премиер лигата.