Голманот на Зеленортските Острови: Разочарани сме, но и горди!

Од:

Зеленортските Острови го завршија својот настап на Светското првенство по тесниот пораз од Аргентина во продолженијата, а искусниот голман Возиња изјави дека неговиот тим може да биде горд на сè што постигнаa на турнирот. По регуларните 90 минути, натпреварот заврши со резултат 1:1.

Иако не успеаја да приредат ново изненадување, планетарната сензација на ова Светско првенство, популарно наречени „Сини ајкули“, пружија силен отпор на актуелните светски шампиони и се простија од натпреварувањето по еден многу неизвесен и борбен натпревар.

По натпреварот, Возиња не го криеше разочарувањето од елиминацијата, но истакна дека тој и неговите соиграчи имаат многу причини за задоволство.

„Игравме рамноправно. Направивме сè што е во наша моќ за да победиме, но не успеавме. Разочарани сме од исходот, но истовремено имаме многу причини да бидеме задоволни и горди на оваа игра, како и на сè што постигнавме на Светското првенство“, рече Возиња.

Четириесетгодишниот голман нагласи дека неговата репрезентација достојно ја претстави земјата и покажа дека може да се натпреварува со најголемите светски селекции.

„Достојно ги претставивме Зеленортските Острови пред целиот свет. Игравме сосема рамноправно против Аргентина“, изјави Возиња.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он