Гоце Јаневски обезбеди бронзен медал за Македонија на Балканското првенство во Анталија

Од:

Македонскиот репрезентативец Гоце Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ во четвртфиналето со 3-2 во категоријата до 75 килограми.

Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронза за Македонија на Балканското првенство во Анталија, Турција.

Во полуфиналето ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на Златен Гонг 2019. Оваа борба е закажана за петок.

Вториот наш претставник Арсим Етеми загуби од Бирол Ајгун од Турција со 5-0 и го заврши настапот на шампионатот.

Третиот наш претставник, Јасин Љама утре (четврток), се среќава со Георге Думитреску од Романија во категоријата до 63 килограми.

Би можело да ве интересира

Петар Арсовски го победи Велис Антонио Ремус од Грција и обезбеди бронзен медал на Европското младинско првенство

Ана Ололовска

Авдил Салиху е избран за Менаџер и Мечмејкер за 2021

Ана Ололовска

БК Вардар со прва победа во Регионалната лига, Железничар совладан во Скопје

Ана Ололовска

Боксери од 14 држави доаѓаат на јубилејниот 50. Златен гонг

Ана Ололовска

Државан првак по само три месеци активно работа со бокс

Ана Ололовска

Вардар поразен на отворањето на Регионалната боксерка лига

Ана Ололовска