Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Од:

Лионел Меси од синоќа е на чекор до повторно играње во дресот на Барселона.

Интер Мајами беше поразен на домашен терен од Синсинати со резултат 1:0 во натпревар во кој Меси ги мина последните 35 минути на теренот и со тоа испадна од плеј-оф дербито на МЛС.

Тоа значи дека Интер Мајами последниот натпревар оваа сезона ќе го има на 22 октомври против Шарлот, а потоа Меси и соиграчите ќе имаат четиримесечна пауза.

Неиграњето со Интер во плеј-офот беше последниот услов за враќање на Меси во Барселона.

Имено, со оглед на паузата што ќе ја имаат фудбалерите на Интер, Барселона сака да го донесе на позајмица Аргентинецот во зимскиот преоден рок и многу е реално тоа да се случи.

Според шпанските медиуми во последните недели, Интер е подготвен да го пушти Меси на позајмица во Барса, иако тоа значи дека би ги пропуштил првите два месеци од следната сезона во МЛС.

Сега на ред е Меси, кој мора да побара од челниците на Интер, пред се сопственикот Дејвид Бекам, да го пуштат на позајмица за уште еднаш да го облече дресот на неговиот омилен клуб.

Би можело да ве интересира

Меси не сака да игра на -15 степени, Аргентинецот одби да игра во ЛШ во поларни услови

А1он

(ВИДЕО) Цариникот не го препозна Меси на пасошка контрола, неговата реакција е хит на социјалните мрежи

А1он

Бекам: Нема играч кој ја сака Барселона како Меси

А1он

Меси е најкорисен играч во американската МЛС, иако пропушти речиси пола сезона

А1он

Маскерано ќе му биде тренер на Меси во Интер

А1он

Меси: Отсекогаш му се восхитував на Зидан, иако тој е од Реал Мадрид

А1он