Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години Владимир Ѓоровиќ ги одреди 17-те кошаркарки кои ќе ги почнат подготовките за Европското првенство Б-дивизија, чии домаќини од 13 до 23 август се Охрид и Струга.
На стартот на подготовките на 13 јули во 17 часот во салата на Факултетот за физичка култура „Македонски херои“, селекторот Ѓоровиќ и неговиот помошник Анета Глигорова ќе ги очекуваат следниве кошаркарки: Стоева Софија, Белеска Наталија, Диздаревиќ Ања, Митрева Теа, Рафтоска Евгенија, Митрева Тијана, Андонова Искра, Бадиоска Моника, Кузмановска Теодора, Костеска Тијана, Толевска Марта, Шеќероска Анамарија, Стојчевска Ксенија, Серафимовска Снежана, Крстевска Александра, Петрушевска Јована и Кочобашиовска Ивона.
Во текот на подготовките кошаркарките ќе тренират два пати на ден, а ќе одиграат и пријателски натпревари против врсничките од Црна Гора и Бугарија.
Македонија на Европскиот шампионат во Охрид и Струга се наоѓа во групата-Д заедно со селекциите на Белорусија, Финска, Израел и Литванија.
Според системот на натпреварување двете најдобро пласирани репрезетации од четирите групи продолжуваат во следната рунда.
На првенството ќе учествуваат 20 репрезетации.