Ѓоковиќ со осцилации до четвртфиналето

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот од категоријата АТП 500 во Дубаи.

Новак Ѓоковиќ го совлада Карен Хачанов со 2-0 во сетови (6:3, 7:6).

Српскиот тенисер беше многу расположен и одигра одличен меч во осминафиналето на Дубаи, со мали осцилации, што беше негов втор меч во 2022 година.

Ѓоковиќ ги освои сите 14 поени кога го постигна првиот сервис и имаше одличен настап на вториот сервис, што беше нерешлива енигма за Хачанов.

Во четвртфиналето ќе игра против Јиржи Весели од Чешка.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава на Ѓоковиќ: Ме труеа во Австралија

Ѓоковиќ се откажа од Париз, веројатно нема да игра и на завршниот турнир

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

Ѓоковиќ опериран: нема да игра на Вимблдон, неизвесен е за Олимписките игри

ВИДЕО: Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија опен по меч кој не е виден повеќе од 50 години

ВИДЕО: Полицијата со солзавец ги растера навивачите на Ѓоковиќ

Катерина Ѓуровски