Ѓоковиќ се откажа од Париз, веројатно нема да игра и на завршниот турнир

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсот во Париз.

Како што пренесува „Спортклуб“, Ѓоковиќ ќе го нема во салата Берси во Париз во периодот од 28 октомври до 3 ноември, за кога е закажан овој турнир.

Новак неодамна го освои третото место на егзибицискиот турнир „Шест кингс слем“, каде по победата над Рафаел Надал изјави дека ќе одлучи дали и каде ќе игра до крајот на сезоната.

Одлуката по Ријад е таква што нема да го гледаме во Париз, а неизвесен е и настапот на финалето на АТП во Торино. Во овој момент тој е поблиску до тоа да не настапи, отколку да се најде меѓу најдобрите осум.

Доколку тоа се случи, следниот турнир на Новак би можел да биде Австралија опен, кој почнува на 12 јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

Ѓоковиќ опериран: нема да игра на Вимблдон, неизвесен е за Олимписките игри

ВИДЕО: Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија опен по меч кој не е виден повеќе од 50 години

Ѓоковиќ со осцилации до четвртфиналето

ВИДЕО: Полицијата со солзавец ги растера навивачите на Ѓоковиќ

Катерина Ѓуровски