Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на турнирот во Мадрид. Во полуфиналниот натпревар Србинот попладнево го победи австрискиот тенисер Доминик Тим со 2-0.
Двата сета Ѓоковиќ го доби на так-брејк со 7:6 (7: 2) и 7:4). Мечот траеше два часа и 25 минути. Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе биде победникот од дуелот Стефанос Циципас (Грција) – Рафаел Надал (Шпанија).
Наградниот фонд на АТП турнирот од Мастерс Серијата 1.000 изнесува 6,5 милиони евра.