Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ вечерва дојде до нова АТП титула, вкупно 101-ва на големата сцена, совладувајќи го Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1 во сетови (4:6, 6:3, 7:5) во финалето на турнирот во Атина, по три часа возбудлива игра. Ова беше нивниот десетти меѓусебен дуел, а деветта победа на Ѓоковиќ над петнаесет години помладиот противник.
Првиот сет му припадна на Музети, кој уште во третиот гем успеа да направи брејк и го комплетираше со 6-4 во гемови.
Во вториот сет Ѓоковиќ се стабилизираше, играше смирено и фокусирано и во осмиот гем успеа да го одземе сервисот на противникот, за водство од 5-3, што го искористи и да го освои сетот со 6-3.
Одлучувачкиот трет сет беше вистинска драма. Ѓоковиќ направи рано брејк и го потврди на свој сервис за водство од 3-1, но Музети возврати во шестиот гем и израмни на 3-3. Следуваше серија на брејк шанси од двете страни, при што Ѓоковиќ ја покажуваше својата препознатлива ментална сила, враќајќи се од неповолни позиции и повторно зголемувајќи ја предноста на 6-5.
И покрај сите обиди на Музети, Ѓоковиќ остана стабилен, освои клучни поени кога беше најпотребно и го заврши мечот како победник, освојувајќи го трофејот во Атина.
