Фудбалската федерација на Гана ги отпушти сите тренери на машките и на женските репрезентации, пренесе „ЕСПН“.
Федерацијата им се заблагодари на сите тренери и членовите на националните тимови за нивниот придонес. Новиот претседател на федерацијата, Курт Окраку, донесе ваква одлука по обвинувањата за мито и корупција објавени во документарен филм снимен од еден новинар.
Машката репрезентација на Гана под водство на Квеси Апиах, не успеа да се квалификува за СП 2018 и испадна во второто коло од Африканскиот куп на нации во 2019 година, што беше најраната елиминација на националниот тим од 2006 година.