Галатасарај го носи Бруно Фернандеш во Истанбул?!

Од:

Душан Влаховиќ пристигна во Бешикташ како слободен играч, Мохамед Салах дојде во Трабзонспор во истиот трансфер-пакет, а Ромелу Лукаку замина во Фенербахче…

Се очекуваше реакцијата на Галатасарај, четирикратниот последователен шампион на турската Суперлига – тоа би можело да биде Бруно Фернандеш!

Капитенот на Манчестер Јунајтед влезе во последната година од договорот со „црвените ѓаволи“, што би можеле да го искористат „лавовите“ од Истанбул.

Галатасарај е подготвен да испрати богата понуда за да го привлече португалскиот репрезентативец на Босфорот, а играчот од средниот ред никогаш не бил поблиску до заминување од „Олд Трафорд“.

Според британските медиуми, Бруно Фернандеш би можел да добива двојно поголема плата, а најголемиот англиски клуб би инкасирал 35.000.000 плус 15.000.000 евра.

Понудата за виртуозот со топката е четиригодишен договор вреден 21.000.000 евра (нето) по сезона, плус четири милиони евра бонус при потпишувањето!

Единствениот проблем за „лавовите“ е тоа што наводната откупна клаузула од 65.000.000 евра истече минатиот месец, според пишувањата на британски „Телеграф“.

Ова го комплицира планот на гигантот од Истанбул бидејќи се соочуваат со Манчестер Јунајтед, клуб кој не е подготвен да го продаде својот капитен.

Би можело да ве интересира

Галатасарај тргна по Леао – Милан е подготвен за големо збогување

А1он

Галатасарај со минимална победа над Ливерпул во првото осминафинале во ЛШ

А1он

Јувентус e декласиран во Истанбул

Галатасарај го донесе едно од најзвучните засилувања во историјата

А1он

Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, најавија и кривична постапка

А1он

Словенецот Славко Винчиќ ќе ги смирува страстите на турското фудбалско дерби Галатасарај – Фенербахче

А1он