Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе отпушти уште најмалку 150 вработени

Од:

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед минатата година отпушти 250 вработени, а сега отпушта најмалку 150, а можеби и уште 200, како дел од својата трансформација и финансиска консолидација, соопштија денеска од Олд Трафорд.

Во соопштението се вели дека Манчестер Јунајтед мора да ја трансформира својата корпоративна структура како дел од низата дополнителни мерки за подобрување на финансиската одржливост на клубот и зголемување на оперативната ефикасност.

Се нагласува дека планот за трансформација има за цел да го врати клубот во профитабилност по пет последователни години загуби од 2019 година.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го победија Вест Хем во 19. коло од Премиер лигата

Одлуката за Санчо и Гринвуд ќе биде донесена на лето

Дејли мирор: Епл ќе го купи Манчестер јунајтед

ВИДЕО: Мизерен Манчестер Јунајтед, прими четри гола во поразот од Брентфорд

Ериксен три години во Манчестер јунајтед

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер

Катерина Ѓуровски