Фудбалерките на Јамајка направија сензација-ги исфрлија Бразилките од Светското првенство

Од:

Фудбалерките на Јамајка направија голема сензација и ги исфрлија Бразилките од Мундијалот.

Фудбалерките на Бразил ќе мора да чекаат уште најмалку четири години за првата титула светски шампион, откако денеска шокантно беа елиминирани во групната фаза на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд.

Во последното коло од групата Ф, Бразилките мораа да ја совладаат Јамајка за да се пласираат во осминафиналето, но на крајот резултатот беше 0:0 и Јамајканките им се придружија на Французинките меѓу 16-те најдобри селекции во светот.

На овој начин, според многумина, најдобрата фудбалерка на сите времиња, Марта (37) се прости без титулата светски шампион во шестиот обид.

Ова е само втор пат во историјата на Светските првенства Бразилките да го завршат натпреварувањето во групната фаза, додека Јамајка никогаш претходно не се пласирала во нокаут фазата на натпреварувањето.

Би можело да ве интересира

Драмата околу Рубиалес не престанува-сега мајка му стапи во штрајк со глад