Фудбалерите на Канада се домаќини на Мундијалот, а во нокаут фаза ќе играат надвор од границите на државата

Од:

Канадската фудбалска репрезентација се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство и покрај вчерашниот пораз од Швајцарија (2:1), но тој неуспех сепак имаше големи последици и всушност испиша историја на Светското првенство.

Имено, тимот предводен од Џеси Марш ќе оди понатаму од второто место, но тоа значи дека, иако е еден од домаќините на Светското првенство, своите натпревари ќе ги игра надвор од својата татковина!

Да останеше на првото место, Канада ќе ја продолжеше борбата пред домашната публика.

Наместо тоа, тие ќе го играат натпреварот од осминафиналето против Јужна Африка на стадионот „Со-Фај“ во Инглвуд, предградие на Лос Анџелес.

Така, тие ќе станат првиот домаќин во историјата на Светското првенство што ќе игра натпревар надвор од земјата, односно во Соединетите Американски Држави.

Поради ова, Џеси Марш изрази разочарување.

– Беше одлично да се игра пред нашите навивачи и секако сакавме да ја продолжиме таа низа во Канада. Сега одиме во Лос Анџелес, каде што веројатно ќе имаме помала поддршка од трибините, но сакаме да продолжиме да ја претставуваме нашата земја на најдобар можен начин – рече Марш.

Ако случајно поминат понатаму, Канада потоа ќе игра во Хјустон, додека САД и Мексико, како првопласирани во своите групи, си обезбедија продолжување на натпреварувањето во своите земји.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он