Британскиот велосипедист Кристофер Фрум победи на 10. етапа од велосипедската трка „Тур Д‘Франс“ што денеска се возеше од Тарбо до Пјер Сан Мартан во должина од 167 километри и со тоа ја зголеми предност во генералниот пласман.
Тој патеката ја мина за 4 часа 22 минути и 7 секунди, додека второпласираниот Ричи Порте имаше заостанување од 59 секунди, а третиот Наиро Куинтана заостана 1 минута и 4 секунди зад победникот, фаворитите за висок пласман Контадор и актуелниот шампион Нибали немаа сили на пиринеите и заостанаа над 3 миниту зад Фрум.
Најголемиот конкурент во борбата за првата позиција во генералниот пласман Тиџеј Ван Гардерен денеска го освои 10. место со заостанување од 2 минути и 30 секунди.
Во генералниот пласман сега Фрум води со вкупно време 35 часа 56 минути и 9 секунди, со предност од 2 минути и 52 секунди во однос на Ван Гардерен.
Утре се вози 11. етапа од По до Котрет во должина од 188 километри.