Србија – Белорусија е првата полуфинална двојка на Европското првенство што се игра во Унгарија и во Романија, откако овие две селекции во четвртфиналето беа поуспешни од своите ривали.
Србинките забележаа победа над Турција, додека Белорусинките синоќа славеа триумф над Литванија.
Постигнати резултати: Србија – Турција 75:63 и Белорусија – Литванија 68:66.
Денес се играат другите два четвртфинални дуела:
Шпанија – Црна Гора (18 часот)
Франција – Русија (20:30 часот).