Фојц најбрз на мундијалскиот спуст

Од:

Швајцарецот Беат Фојц е победник на спуст трката возена денеска во рамките на Светското првенство во Сент Мориц. Домашниот скијач беше најбрз на патеката „Корвиља“ со време 1:38.91 минута.

За Фојц ова беше прв златен медал од Светските првенства.

Второто место и сребрениот медал му припадна на „златниот“ од супервелеслаломот Ерик Геј од Канада кој беше побавен за 0.12 секунди зад Фојц.

На победничкиот подиум се најде и Макс Франц од Австрија кој трката ја заврши за 1:39.28 минути.

За само две стоти делови од секундата бронзениот медал му „избега“ на Патрик Кунг, додека еден од фаворитите за највисок пласман, Норвежанецот Ќетил Јансурд трката ја заврши на петтата позиција.

Натпреварите на скијачкиот Мундијал во Швајцарија продолжуваат утре со дисциплината комбинација во машка конкуренција.

Би можело да ве интересира

Италијанката Гоџа победи на спустот во Сент Антон

Ана Ололовска

Парис победи на спустот во Квитфел

Ана Ололовска

Парис најбрз на спустот во Кицбил

Ана Ололовска

Зибенхофер ја освои својата прва победа во кариерата

Ана Ололовска

Франц победи на првиот спуст за сезоната

Ана Ололовска

Дресен ги шокираше и олимпискиот и светскиот шампион

Ана Ололовска