Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија по синоќешниот пораз од Белорусија 62:56, вечерва во рамките на 2.коло од групата Д од Европското првенство Б дивизија ќе игра против Финска.
Слабата игра во првата четвртина против Белорусија која македонските кошаркарки ја загубија со 29:10 беше една од причините за поразот на избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ. Дуелот со Финска е шанса да се поправи лошиот старт на шампионатот.
Најефикасни во нашата репрезентација беа Белеска и Митрева, кои постигнаа по 11 поени.
Почетокот на вечерашниот дуел со Финска е во 18:45 часот и се игра во Струга.