Финалниот натпревар меѓу Србија и Црна Гора на неодамна завршеното Европско првенство во Белград во живо го следеле 18.473 што претставува нов светски рекорд по број на гледачи на еден меч во овој спорт.
Претходниот рекорд беше 17.000 и е поставен во 2000 година во финалето на Олимписките игри во Сиднеј меѓу Унгарија и Русија.
– Во вкупниот број на луѓе кои во живо го гледаа натпреварот во Белградска Арена, покрај публиката се влезени и акредитираните новинари, гости и други лица, информираат од организацискиот одбор.
Домаќинот Србија во финалето ја победи Црна Гора 10:8 и ја освои третата последователна титула европски шампион.